Гостиварец превезувал мигранти кон Куманово

13.01.2016 12:03 | KumanovoNews

На регионалниот пат Овче Поле-Свети Николе на влезот во Свети Николе, вчера полицијата открила мигранти во патничко возило „шкода фелиција“, управувано од Б.С.(37) од Гостивар.

Гостиварец превезувал мигранти кон Куманово

 Се работи за четворица марокански државјани, кои илегално влегле во Македонија. Полициските службеници направиле обид да запрат и друго патничко возило „цитроен“, кое се движело по првото но возачот не застанал.Автомобилот подоцна бил пронајден во близина на бензинската пумпа во Свети Николе, а возачот избегнал. По преземени мерки констатирано е дека сопственик на двете возила е Б.С., а возач бил Ј.Р.(38) од Гостивар. Тие требало да ги пренесат странските државјани до Куманово за износ од по 20 евра по човек.

Гостиварецот и странските државјани се приведени, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Ј.Р.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk