Готов идејниот проект за Ургентниот центар

27.07.2015 12:24 | KumanovoNews

Изработен е идејниот проект за изградба на новиот Ургентeн центар во Куманово, кој ќе се гради во рамки на Општата болница во Куманово.

Готов идејниот проект за Ургентниот центар

Објектот ќе се состои од приземје и кат со површина од околу 600 метри квадратни и ќе се гради до местото каде што се наоѓаат постојните ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел, така што овие објекти ќе се поврзат и ќе се добие една целина на нов Ургентен центар,- објавил денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Новиот Ургентен хируршки центар ќе содржи: итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, ортопедска амбуланта, уролошка амбуланта, анестезиолошка амбуланта и други простории.

Инвестицијата ќе чини повеќе од 20 милиони денари, а се очекува да  заврши до крајот на 2016 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk