Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Листата на советници на СДСМ во Советот на Општина Куманово на престојните локални избори ќе ја предводи Атина Мургашанска. Мургашанска е дипломиран правник, досегашна претседателка на Советот на Општина Куманово и истакната членка во извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ.
Покрај Мургашанска на листа на советници на СДСМ се: Александар Јовановски, Благојче Јаќимовиќ НСДП, Мартин Захариев, Александра Лазаревска, Љуљета Миљаими, Самет Салиевски, Јелена Спасовска, Дејан Ивановски, Сузана Манчиќ СС, Миле Андоновски ПП, Тања Јакимовска, Бојан Стојковски, Елена Јаќимовиќ, Сашо Маниќ, Фросина Стевановиќ НСДП, Саша Арсиќ, Ивана Величковиќ, Момир Петрушевски, Марина Манојловска, Дејан Мустафа, Симона Јакимовска, Бајрам Селмани, Маријана Томовска, Александар Панев, Маја Стојановска, Мила Аневска, Марина Митковска, Зоран Величковски, Александра Димитриевска, Марио Тоневски, Марта Пауновиќ и Јовица Спасовски.
Кандидат за градоначалник за Куманово од СДСМ е Оливер Илиевски.
Листата со кандидати за советници и кандидатот за градоначалник добиле поддршка од делегатите и поминале на општинската Конференција.
Политички партии и независни кандидати, кои ќе учествуваат на локалните избори денеска до полноќ треба да ги поднесат своите кандидатури до Општинските изборни комисии (ОИК).
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk