Грабеж во продавница на „Елида„

14.03.2011 09:08 | KumanovoNews

 Маскиран и вооружен разбојник завчера попладне ограбил продавница во центарот на Куманово, при што од касата одзел 15 000 денари.

Грабеж во продавница на „Елида„

Нападот се случил во 18.50 часот, во продавницата „Елида„ на улицата „Доне Божинов„ во близина на Автобуската станица во Куманово.

Во продавницата влегло непознато лице, маскирано со капа на главата и шал на лицето, а во рацете носело пиштол. Со вперено оружје во продавачките С.Ч.(31) и Ф.Ј.(37), побарал да ја отворат касата. Исплашените жени ја послушале наредбата и разбојникот од касата го одзел дневниот пазар. Со плен од 15 000 денари побегнал во непознат правец. Екипи на СВР Куманово извршиле увид на лице место и работат на расчистување на случајот и пронаоѓање на арамијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk