Градат црква на верски празник

03.08.2012 08:07 | KumanovoNews

 Mајстори работат на кровот на цркватата „Свети Архангел Михаел„, и покрај тоа што вчера се славеше еден од најголемите празници „Свети Илија„.

Градат црква на верски празник

Во населбата Карпош, вчера на верски празник се градеше црква. Mајстори работеа на изградба на цркватата „Свети Архангел Михаел„, и покрај тоа што се славеше еден од најголемите празници Свети Илија, а беше и државен празник. Граѓани кои ги виделе работниците на кровот се јавија во нашата редакција и остро реагираа на ваквото однесување.

Срамота и греота да се прави црква на толку голем православен ден. Цел ден ги гледам работниците како работата на изградба на куполата. Градиме цркви за да го славиме Бога, а ништо не ни е свето-вели нашиот соговорник.

Црквата „Свети Архангел Михаил„ се гради близу 10 години со прилози и донации на кумановци, а планирана е да се заврши за две години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk