Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Несреќата се случила вчера во индустриската зона „Чолија", кога 68-годишен маж од Куманово починал откако паднал додека изведувал работни задачи.
На објект во изградба, Н.Н. (68) од Куманово паднал од околу пет метри висина и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болница во село Петровец, каде во 15.00 часот починал.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во институтот за Судска медицина за обдукција.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk