Градинката “Анѓел Шајче“ пак доби зелено знаме

11.03.2014 15:14 | KumanovoNews

Градинката “Анѓел Шајче“ повторно доби зелено знаменце од Министерството за образование и наука.

Градинката “Анѓел Шајче“ пак доби зелено знаме

Оваа еко градинка постојано работи на заштита на животната средина за што спроведува еко активности, еко кампањи заедно со децата, родителите и локалната средина.

Показател на целиот наш успех во реализација на сите еко - активности, воедно и залагањето за заштита на животната средина е наградата еко градинка односно зелено знаме кое е највисок стадиум на наградување. Во 2011 година ние се здобивме со ова признание. Бидејќи статусот треба да се одржува на секои две години и оваа година можеме да се пофалиме дека на Еко Самит во Скопје повторно се здобивме со награда зелено знаме. Гордоста е поголема бидејќи повторно во нашиот град сме единствени со ова признание - изјави Марина Алексовска, директорка на “Анѓел Шајче“.

Наградите на Еко Самитот ги додели Стефано Лазарото, амбасадор на Швајцарската конфедерација .

Во 2011 година градинката “Анѓел Шајче“ беше прва воспитно - образовна установа во земјава која се закити со зелено знаме.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk