Градинката “Ангел Шајче“ организираше еко саем

08.10.2013 10:24 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад денеска  вработените и децата од градинката „Ангел Шајче“ поставија неколку еко штандови.

Градинката “Ангел Шајче“ организираше еко саем

Од стари пластични шишиња и рециклиран материјал  тие направија украси,  играчки, изработија фрлаери, напишаа еко пораки со кои апелираат граѓаните да ја чуваат животната средина.

По повод детската недела пораката е да се грижиме за природата бидејќи таа е една. Ако не се грижиме доволно, не ќе можеме нормално да функционираме. Оваа година саемот го организираме поради интересот на децата и интересот на граѓаните. Лани имавме еко саем како дел од проектот “Постапувам ли одговорно“. Родителите ќе донираат средства за играчките, ќе ги однесат во својот дом и таму ќе се грижат за нив. Како што се грижат за нив, така треба да се грижат за планетата - изјави Билјана Чунгурски, воспитувач координатор во градинка „Ангел Шајче“.

Оваа година еко саемот е поддржан од секторот за животна средина при Општина Куманово и од странски донатор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk