Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градинката „Ангел Шајче“ со низа еко активности денеска почна да ја одбележува Европската зелена недела.
Овој проект се реализира во соработка со ЕУ Инфо точката при општина Куманово и Инфо центар од Скопје, а Европската зелена недела трае од 22 до 26 јуни.
Имаше играње, песни, на некој начин наметнување на еко животот на децата, што е многу важно за младите генерации, за децата. Делевме боенки, децата ќе бојат на тие боенки и заедно со наставниците, педагозите ќе зборуваат за еко заедницата и зелена Европа, колку е тоа важно и добро за животот. Со задоволство можам да кажам дека многу добро ова беше имплементирано денеска во сите шест градинки - вели Арменд Мехмети, координатор на ЕУ Инфо точка при општина Куманово.
Мотото на Европската зелена недела е “Планетата наше здравје, наше богатство“. Децата го повторија она што го учеле целата година во своите воспитни групи, а е поврзано со екологијата.
Организиравме и реализиравме активности кои ќе следат во текот на целата недела. Конкретно денеска, децата направија утврдување на своите познавања кои во текот на целата измината учебна година, ги реализираа во своите воспитни групи, низ игри, музика, квиз и на крајот добија еко боенки со кои ќе работат цела недела на тема екологија и здрава животна средина - рече Билјана Чунгурски, координатор на еко одбор во “Ангел Шајче“.
На воспитувачките кои се дел од еко одборот и дале свој придонес за развој на еколошката свест кај децата, од ЕУ Инфо точката од општина Куманово им врачија благодарници.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk