Градинките ќе се отворат на 9 септември

01.09.2020 17:23 | KumanovoNews

 Градинките повторно ќе се отворат на 9 септември односно наредната среда по Денот на независноста, одлучи денеска Владата.

Градинките ќе се отворат на 9 септември

  На првата владина седница  е донесена одлука сите градинки до 9 септември да се подготват за почнување со работа и згрижување на деца.

„Дотогаш градинките се должни да се подготват за работа. Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор  за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца, како и да обезбедат  потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање“, соопшти владината прес-служба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk