Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност за згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и досега.
„Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца дејноста не смее да се прекинува, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), но не и за време на штрајк“, информираат од министерството.
Оттаму истакнуваат дека по повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk