Градинките утре ќе работат вообичаено

02.12.2014 14:49 | KumanovoNews

  Сите објекти на градинката “Анѓел Шајче“ утре ќе работат нормално.

Градинките утре ќе работат вообичаено

Денот на дрвото ќе се одработува на 13 декември во сабота и тогаш ќе има дежурство во објектот “Развигорче“ кај Спортската сала.

“Добивме допис од Министерство за труд и социјална политика и утре ќе работиме нормално. На 13 декември децата ќе се згрижуваат само во објект “Развигорче“ на улица “Моша Пијаде“. Од искуство од претходните години, доволно ќе биде децата да се згрижат во еден објект за да не се загреваат сите други објекти кога нема потреба“ - вели директорката Марина Алексовска.


Иако утре е неработен ден поради акцијата за пошумување, сепак повеќето вработени во приватниот сектор ќе бидат на своите работни места.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk