Граѓаните бараат изградба на јавни тоалети

03.07.2013 12:23 | KumanovoNews

Советничката Ивана Арсеновска од Коалицијата За подобра Македонија денеска на седница на општинскиот совет кажа дека голем број граѓани бараат во Куманово да се изградат јавни тоалети.

Граѓаните бараат изградба на јавни тоалети

Арсеновска смета дека и транспортните тоалети можат привремено да го решат проблемот. 

На ова прашање градоначалникот Зоран Дамјановски одговори дека во Деталниот урбанистички план за центар нема позиција за  јавни тоалети, а монтажните вецеа и да се постават не нудат трајно решение. 

Времените транспортни вецеа ги ставаат покрај градилишта, за некои манифестации, но тие нема да бидат трајно решение. Немаме можност, не од аспект на  средства, туку од аспект на простор. Транспортните вецеа не се подносливи за употреба во центар каде што има таква фреквенција, посебно не на високи температури - вели Дамјановски. 

Тој додаде дека во деловниот комплекс Чоробенско ќоше локалната самоуправа планира да изгради тоалети.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk