Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Итни мерки за намалување на загаденоста во градот бараат кумановци, откако последнава недела мерната станица во Куманово регистрираше неколкукратно зголемување на штетните честички во воздухот.
Од Центарот за јавно здравје Куманово велат дека загадувањето на воздухот негативно влијае врз дишните патишта, кардиоваскуларниот систем, предизвикува алергиски реакции на кожата, а на удар се најмногу хронично болните лица и децата.
„Најголемо згадување предизвикува сообраќајот, климатските состојби намалената влажност на воздухот и слабите движења на ветерот, како и загревањето на домовите“- изјави др. Марјан Денковски, раководителот на одделението за социјална медицина во Центарот за јавно здравје Куманово.
Од општина Куманово велат дека тие немаат официјална информацијата дека Куманово е еден од најзагадните градови во Македонија, туку дознаваат од медиумите. Раководителот на сектор за животна средина и просторно планирање во Куманово, Лидија Ланг Спасовска, пак, се сомнева во исправноста на мерната станица, но тврди дека се преземени мерки за намалување на загаденоста.
„Се обративме до Министерството за животна средина да укажеме дека мерната станица не работи континуирано, така што се сомневаме во исправноста на податоците кои се доставени до јавноста. Од друга страна, секторот за инспекциски надзор заедно со регионалниот инспектор ги посетија сите субјекти кои што се од поголем капацитет и кои се реални загадувачи на животна средина и побаравме да вградат филтри и распрскувачи во објектитe, со што би се намалила загаденоста“-изјави Ланг Спасовска.
Таа објасни дека во рамките на годишната програма се преземаат мерки за пошумување на одредени локации, тука рече е и воведувањето на гасификацијата.Доколку се влоши сотојбата не ја исклучува и можноста да се поднесе иницијатива за забрана за сообраќај во неколку улици во централното градско подрачје, согласно законските можности.
Мерната станица за квалитетот на воздухот во Куманово се наоѓа во кругот на болницата и по пауза од неколку години повторно беше ставена во функција во февруари годинава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk