Граѓаните бараат побрзо да се исчисти снегот

04.01.2016 12:16 | KumanovoNews

Граѓаните бараат надлежните служби побрзо да реагираат и да го исчистат улиците и тротоарите од снег.

Граѓаните бараат побрзо да се исчисти снегот

Незадоволни од состојбата на улиците во текот на денот, тие бараат темелно чистење на улиците не само во централното градско подрачје, туку и на периферијата на градот.

Воопшто не сум задоволна, треба поубаво да се исчисти. Замрзнато е, ќе паднеме, ќе се повредиме. Мраз има секаде. Градоначалникот треба да преземе мерки, кој друг? Јас и за дуќанџиите имам забелешки - вели Вера Николовска, граѓанка.

Таксистите велат дека споредните улици се подледени и возилата неможат нормално да се движат.

Граѓаните додаваат  дека иако е период меѓу празници, Нова година и Божиќ, сепак треба во прв план да бидат интересите на граѓаните и да се расчисти снегот.

Празници се ближат, има малку снег, не е баш најдобро исчистено, ама ќе биде подобро јас мислам, се надевам - кажа возач.

Од секторот за инспекциски надзор во општина Куманово велат дека комуналните инспектори се на терен, а за граѓаните и дуќанџиите кои не исчистиле ќе следуваат казни од 50 евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk