Граѓаните да ги чистат тротоарите

02.02.2012 10:41 | KumanovoNews

 Од Општината аплеираа до граѓаните и сопствениците на дуќани да го исчистата снегот пред нивните врати на тротоарите и со тоа да помогнат за полесно расчистување на пешачките зони.

Граѓаните да ги чистат тротоарите

Граѓаните што нема да ја завршат обврската ќе треба да платат глоба од 30 и 50 евра или да извршат општокорисна работа.

  Сите сопственици, односно корисници на објекти се должни во зимски услови, при снежни врнежи веднаш да почнат со чистење на снегот пред индивидуалните и колективни објекти за домување, како и на отворени простори пред јавните објекти за да се обезбеди непречен пристап до објектите. Во колективните станбени згради чистењето на снегот и мразот во зимски услови должни се да го вршат станарите на зградата - вели Законот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk