Граѓаните да ги отстранат возилата од улиците непречено да се чисти снегот

10.01.2019 12:45 | KumanovoNews

Поради неодговорност на одредени граѓани, возачи и учесници во сообраќајот, надлежните се жалат дека не се во можност непречено да го чистат снегот од улиците и тротоарите.

Граѓаните да ги отстранат возилата од улиците непречено да се чисти снегот

Да не се злоупотребуваат временските неприлики и да се врши уредно и прописно паркирање на возилата на места кои се исклучително предвидени, обележени и наменети како паркинг простор, оти истите влијаат над можноста за добра реакција на службата за одржување, - информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Од таму додават дека екипите за одржување на патиштата во зимски услови се континуирано на терен и вршат чистење и солење на улиците во градското подрачје. Локалните патни правци кон населбите Пуковско, Тромеѓе и Билјановце се расчистени и по истите сообраќајот е функционален.    

Во моментот во Куманово снежната покривка изнесува 10 сантимерти снег, сите локални патни правци во општината редовно се чистат (со плужење и фрлање на смеса од сол и ситна ризла), но со оглед на континуираните врнежи од снег истите се сеуште заснежени, влажни и лизгави.

Се препорачува внимателно и предпазливо движење, а сооглед на ниските температури кои се изразени во попладневните и вечерните часови поради можноста од нивно замрзнување се препорачува прилагодување на условите на времето и патиштата.

Регионалните патишта во моментот се проодни, но со назнака за внимателно движење во зимски услови, во моментот има пообилни врнежи од снег и се очекува да предизвикаат дополнителни проблеми, отежнато одвивање на сообраќајот.

На повисоките места снежната покривка достигнува висина од над 30 тина сантиметри. Приградските и селата кои го опкружуваат градот во зависност од тоа дали движењето е по регионалните или локалните патни правци претставуваат поголем проблем за чистење и кон нив ке се пристапи согласно планот на градот во втора и трета фаза.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk