Граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус при патувањето и на излетничките места, порачува кризниот штаб

01.08.2020 09:34 | KumanovoNews

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на Владата и Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирус за време на продолжениот викенд, додека патуваат и се наоѓаат на излетничките места.

Граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус при патувањето и на излетничките места, порачува кризниот штаб

„Мора да се внимава во поглед на одржување на социјална дистанца, носење на заштитни маски и дезинфекција на раце. Исто така, сите оние граѓани кои ќе патуваат на излетничките места да ги почитуваат мерките и препораките во поглед на бројот на патниците во патничките автомобили. Не треба да надминува повеќе од 3 лица, освен ако се работи за лица од исто семејство, како и задолжително носење на заштитни маски, со цел заштита на своето здравје и здравјето на најблиските,“ велат од кризниот штаб.

(Д.Д.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk