Граѓаните да го соберат ѓубрето од гробиштата

24.05.2018 12:10 | KumanovoNews

Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ апелира до граѓаните кои наредните два дена ќе ги посетат Градските гробишта отпадоците од храна и другиот смет да го фрлат во контејнери, наместо да ги оставаат покрај гробните места.

Граѓаните да го соберат ѓубрето од гробиштата

- Голем број граѓани ги посетуваат градските гробишта по повод празникот. Апелираме да не оставаат смет, пластика и друг отпад на гробните места, туку да ги депонираат во контејнерите, изјави Благица Јовановска од „Чистота и Зеленило“ за МИА.

Екипите на претпријатието ќе поминат веќе наредниот ден за да исчистат на јавните површини, односно главните патеки на православните градски гробишта во Куманово.

Од СВР Куманово најавуваат дека ќе има редовни патроли на улиците кон Градските гробишта заради непречено одвивање на сообраќајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk