Граѓаните да не фрлаат пепел во контејнер, апелираат од „Чистота“

27.12.2018 18:51 | KumanovoNews

Од ЈП „Чистота и зеленило“ апелираат до граѓаните да не фрлаат пепел во контејнер, бидејќи предизвикуваат пожар.

Граѓаните да не фрлаат пепел во контејнер, апелираат од „Чистота“

 Многу често пепелта помешана со жар кога ќе дојде во допир со запаливи материи предизвикува пожар. Утринава се запалил смет во еден од камионите, па доколу навремено не интервенирале вработените имало опасност да изгори возилото.

Би сакал да апелирам до граѓаните на Општина Куманово, да внимаваат при одлагање и исфрлање на смет, а посебно на оној смет од огревните шпорети, пред се пепел и се она што останува по горењето. Денешниот случај е пријавен во полицијата, а благовремено интервенираше и територијалната противпожарна единица и за среќа нема поголема штета,- изјави директорот Даниел Стојчевски.  

 Директорот посочува и на ниската свест на граѓаните кон садовите за селектирање на отпад, кои неодамна беа поставени, а се почесто се мета на уништување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk