Граѓаните да не предизвикуваат шумски пожари

13.06.2014 08:02 | KumanovoNews

Во летниот период граѓаните да бидат внимателни кога се движат во природа и да не предизвикуваат пожари, апелираат од Шумско стопанство.

Граѓаните да не предизвикуваат шумски пожари

Од таму велат дека во кумановско има бујна тревна ветегација која со фрлање на отпушок од цигара може многу лесно да се запали и да предизвика пожар.

  - Оваа година е бериќетна и по планините има многу трева која се суши и граѓаните ако излегуваат на викенд или овчарите треба да внимаваат. Шумата ако се уништи, тоа не се враќа. Ако се исече дрво, по 15 години може да има нешто, ама ако има пожар се прави најголема штета. Апелирам до граѓаните кои се во планина, кои таму се заради работа да внимаваат инаку ќе се направи голема штета како во 2008 и 2009 година кога имаше навистина големи пожари - изјави Ваит Саити, директор на Шумско стопанство.

Саити вели дека пред неколку години во гаснење на пожарите дел од вработените во Шумско стопанство го довеле во опасност својот живот и токму од тие причини граѓаните треба да бидат поодговорни кон шумското богатство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk