Граѓаните да се заштитат од топлотниот бран

17.06.2013 10:10 | KumanovoNews

 Матеоролозите најавуваат дека деновиве не очекуваат високи температури до 36 Целзиусови степени, поради што лекарите советуваат граѓаните соодветно да се заштитат од жештините.

Граѓаните да се заштитат од топлотниот бран

 Апелираме граѓаните да не излегуваат надвор од 11 до 17 часот, посебно хронично болни и луѓето со кардиоваскуларни болести. Ако нормално се пие по 2 литра вода, тогаш во вакви услови треба да се внесуваат 4 до 5 литри вода. Да се облекуваат во посветли бои, кои не привлекуваат топлина. Мрсната храна да се избегнува, да се јаде повеќе овошје и зеленчук. Да носат очила за сонце, но не било кои туку квалитетни очила кои ги одбиваат ув сончевите зраци - изјави Горан Стефановски, општ лекар.

Тој препорачува работниците додека се на отворено да користат заштитни креми, да прават паузи и да ја разладуваат вратната регија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk