Граѓаните да внимаават да не предизвикаат пожар, апелираат од ДЗС

06.07.2018 13:55 | KumanovoNews

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до граѓаните за поголема будност и заштита од пожари на отворено, поради високите температури што го зафатиа нашиот регион.

Граѓаните да внимаават да не предизвикаат пожар, апелираат од ДЗС

За да се намали или целосно избегне опасноста од настанување и ширење на пожари на шуми и други отворени простори, од Дирекцијата ги повикува  граѓаните и правните субјекти во државата: да не палат оган во шума и на отворен и не обезбеден простор, да не палат стрништа, да не фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и да не палат отпад, да не  фрлаат остатоци од цигари, да се коси и отстранува сувата трева наместо да се пали, земјоделската махнизација да биде исправна и да има апарат за гаснење пожар.

Во летниот период кога температурите се многу високи, најчеста причина за големите шумски и пожари на отворено е човечкиот фактор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk