Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожар, апелира ДЗС

11.07.2017 12:23 | KumanovoNews

Поради исклучително високите температури, а со цел да се намали опасноста од појава на пожари, од Дирекцијата за заштита и спасување(ДСЗ) Куманово,  апелираат до граѓаните да бидат внимателни и со своето однесување да не предизвикаат пожар.

Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожар, апелира ДЗС

„Да не се пали оган во шуми, на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, да не фрлаат стаклени шишиња и стаклена амбалажа, да не се пали отпад, да не се фрлаат догопчиња и отпушоци од цигари, да се коси и отстранува сувата трева, а земјоделската механизација да биде технички исправна со технички средства за почетно гаснење на пожар,- стои во препораката од ДЗС.

Во случај на појава на пожар надлежните советуваат да се побара помош и да се пријави на телефоните 192 Полиција, 193 Противпожарна единица и 195 Регионален центар за управување со кризи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk