Граѓаните да внимаваат каде печат скара

01.08.2013 14:29 | KumanovoNews

 Од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачно одделение Куманово, ги потсетуваат граѓаните за престојниот празник и продолжениот викенд да внимаваат да не предизвикаат пожар додека престојуваат во природа.

Граѓаните да внимаваат каде печат скара

Поради високите температури апелираме до граѓаните: да не палат огин во шуми, на отворен простор и на необезбедени места. Да не фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад. Да не палат отпад и да не фрлаат остатоци од цигари. Да не превземаат било какви други активности кои можат да доведат до настанување пожар во шумите и на други отворени простори.- се вели во соопштението.

 Во случај на пожар кој што граѓаните не можат да го локализираат или изгаснат, навремено да известат на бесплатните телефони 193 Територијална противпожарна единица, 192 Полиција или 195  Центар за управување со кризи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk