Граѓаните да внимаваат при палење на Бадникарски огнови

05.01.2015 13:14 | KumanovoNews

Од Територијалната противпожарна единица Куманово апелираат, граѓаните на Бадник да се воздржат од палење на огнови и да внимаваат да не предизвикаат пожар.

Граѓаните да внимаваат при палење на Бадникарски огнови

“Во принцип не би требало да палат, но против традицијата не можеме. Доколку веќе палат тоа да биде на одредено место каде што нема да има опасност од загрозување на други објекти и материјални добра. Да има некој од постарите присутен заради контрола на огнот. За палење на Бадников оган користат дрва, гума, слама, кој што ќе најде“ - изјави Деан Илиевски, командир на Територијална противпожарна единица Куманово.

Илиевски вели дека досега кумановци биле совесни и за Бадник немале пожар предизвикан од Бадникарски оган.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk