Граѓаните донираа за сиромашните во которските села

23.04.2017 09:58 | KumanovoNews

 Граѓаните се вклучија во хуманитарната акција што ја организираше здружението на граѓани „Крепост“ и Црвен крст Куманово.

Граѓаните донираа за сиромашните во которските села

Во акцијата е соберена поголема количина на храна, средства за хигиена, облека за деца и пари, кои во текот на денот ќе бидат донирани на семејства во которските села.

 “Помошта е наменета за семејства во селата Кучкарево, Градиште и Орашац. Имаше масовен одзив на граѓаните, мали дечиња доаѓаат и подаруваат своја облека за своите врсници. Куманово го буди своето хумано срце, очекуваме да организираме уште многу вакви акции“,- изјави Христијан Георгиевски од „Крепост“.

И од Црвениот крст се задоволни од собраната помош и најавуваат уште хуманитарни акции и помош за социјално загрозените семејства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk