Граѓаните нема да плаќаат поскапа вода, смирува градоначалникот

01.02.2018 13:37 | KumanovoNews

Градоначалникот Максим Димитриевски смирува дека Куманово нема да плаќа поскапа вода , бидејќи новата цена што ја достави Регулаторната комисија за енергетика е нереална.

Граѓаните нема да плаќаат поскапа вода, смирува градоначалникот

„Кумановчани нема да плаќаат поскапа вода, цените на Рекулаторната комисија се нереални, неиздржани и несоодветни. Водостопанство ни должи премногу, време е да ни го врати нашетo”, - вели градоначалникот.

Новата тарифа за вода во Општина Куманово е повисока за 4 денари, па со новите сметки граѓаните ќе треба да плаќаат по 47,35 денари за кубик вода за домаќинствата, односно 55,54 денари за претпријатијата.Јавното претпријатие „Водовод“ поднесе тужба пред Управниот суд против одлуката на комисијата, заради нереално утврдена фактичка состојба и кршење на законот.

По објавување на информацијата на Кумановоњус за зголемување на цената на водата за 4 денари по кубик, граѓаните реагираа на социјалните мрежи и бараат одлуката да не се применува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk