Граѓаните нерадо плаќаат радиодифузна такса

10.06.2012 12:41 | KumanovoNews

 Голем број граѓани секојдневно доаѓаат во Дописниот центар во Куманово и се шетаат од институција до институција за да ја откажат радиодифузната такса.

Граѓаните нерадо плаќаат радиодифузна такса

 Повеќето од нив се жалат на сиромашната програма на јавниот сервис која  воопшто не ја следат, и укажуваат на трошоците за кабловска или сателитска програма што ги имаат. Граѓаните се бунат што на адреса на викендиците им стигаат сметки кои мораат да ги плаќаат и покрај тоа што веќе се претплатници на таксата на  постојаните живеалишта.

УЈП не одлучува дали некој корисник ќе биде ослободен од плаќање. Ваквите одлуки ги носи МРТВ. Секој објект кој има броило за електрична енергија треба да плаќа и радиодифузна такса. Ако се работи за празна куќа граѓаните треба да достават фотокопија од три последни сметки за платена струја и фотокопија од лична карта. Ако лицето починало треба со барањето да се поднесе и извод од матична книга на умрени- велат од УЈП.

Од УЈП преку соопштение ги советуваат граѓаните да внимаваат при уплаќање на радиодифузна такса, во смисла да не впишуваат погрешен фолио број, матичен број, и секоја промена на адресата и личните податоци да ја ажурираат во МРТ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk