Граѓаните несакаат билборди средe тротоар

12.02.2015 11:06 | KumanovoNews

Огромни рекламни паноа „никнуваат„ преку ноќ на јавните површини во центарот на градот.

Граѓаните несакаат билборди средe тротоар

Уличните билборди се поставуваат на најфрекфентните места, главно среде троатоар, без при тоа да се води сметка дали некому пречат. Граѓаните се жалат дека металните столбови им го отежнуваат движењето на тесните тротоари, а огромните огласни табли ги покриваат натписите на нивните фирми и го затвораат погледот на становите на пониските катови.

Последниот пример е поставувањето на билборд пред зградите кај кружниот тек и кај т.н. Скопски дуќани. Станарите и сопствениците на фирмите тврдат дека никој не ги прашал дали ја подржуваат одлуката.

  “Ми пречи бидејќи е поставен пред влезот на продавниците и на апетката. Зимно време тука е лизгалиште и тешко е да се движат луѓето и кога тротоарот е празен, а не вака зафатен. Ова е најнесоодветното место во градот и не верувам дека граѓаните се консултирани за тоа“ - вели Драган Трајковски, вработен во продавница кај кружниот тек.

Сличен е случајот и со билбордот поставен на тротоарот кај т.н. Скопски дуќани. Граѓаните велат дека локалните власти не бираат место каде ќе ги постават.

“Не може некој каде ќе му текне да стави билборд. Треба и граѓаните да се консултираат. Која е таа фирма што го ставила, чија е, локална или централна? Треба да се отстрани билбордот“ - додава друг граѓанин.

Од секторот за урбанизам во општина Куманово објаснуваат дека неколку фирми ги поставуваат билбордите, откако претходно ќе достават документација до нив.

“Луѓето од секторот главно излегуваат на терен и се гледа урбанистичко планската документација. Во главно нема такви пропусти, но доколку има граѓаните можат писмено да реагираат до службите и ние ќе ги согледаме сите услови на лице место. Доколку се покаже дека е на несоодветно место поставен, ќе биде отстранет“ - изјави Лидија Ланг Спасовска, раководител на сектор за урбанизам.

Граѓаните кои се пожалија за наведените билборди, најавуваат дека писмено ќе реагираат до локалната власт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk