Граѓаните одмерени во пиењето

01.01.2011 13:58 | KumanovoNews

 Четири лица завршиле на детоксикација, на Интерното одделение во Општата болница во Куманово во новогодишната ноќ.

Граѓаните одмерени во пиењето

 Како што информира дежурниот лекар станува збор за помлади и малолетни лица кои се затруле од алкохол, а едно лице се предозирало со наркотични сретства.Во текот на ноќта  им била дадена инфузија, по што биле пратени на домашна нега.Лекарите интервенирале уште во четири случаи, но станувало збор за хронични болни со зголемен крвен притисок, најверојатно предизвикан од празничната храна.

Од болницта велат дека ноќта поминала мирно и без голем број интервенции.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk