Граѓаните платиле 52 милиони денари данок на имот

05.01.2015 10:36 | KumanovoNews

 Општината Куманово минатата година собрала над 52 милиони денари од наплата на данок на имот.

Граѓаните платиле 52 милиони денари данок на имот

Како што информираат од одделението за администрирање на приходи во општина Куманово, повеќе од 75 отсто од граѓаните во Куманово платиле данок на имот за 2014 година. Даночниците се задоволни од високиот процент и велат дека наплатата е поуспешна од претходните години.

“Пред неколку години кога почнавме со репроценка се сомневавме дека ќе стигнеме да собереме 50 милиони денари. Еве во 2014 година тоа се оствари. Навистина имавме најдобра наплата, односно за 16 милиони денари повеќе од претходната година. Сигурно дека тој тренд и догодина ќе остане таков или ќе расте. Над 90 отсто се опфатени со новата методологија, што значи ревреднување на имотот, а не како што беше порано“ - изјави Зоран Павловски, раководител на сектор за администрирање на приходи во општина Куманово.

Граѓаните кои не платиле данок на имот ќе добијат опомени, по што ќе следи блокирање на сметки ако не ги подмират давачките.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk