Граѓаните се враќаат во Тоде Мендол

11.05.2015 07:36 | KumanovoNews

По завршување на акцијата, синоќа дел од населението се врати во своите домови во населбата Тоде Мендол.

Граѓаните се враќаат во Тоде Мендол

На три сокаци куќите се разрушени, а во делови од населбата нема електрична енергија. Иако се шпекулираше дека основните училиште “Вук Караџиќ“ и “Наим Фрашери“ се запалени, сепак овие објекти се без оштетувања.

“Иако се појавија информации дека школите се запалени, јас денеска дојдов да видам каква е состојбата на терен и нема ништо. По ова децата и родителите сигурно ќе имаат трауми, ќе разгледаме што можеме да направиме, како да делуваме“- вели Надица Петровска, директорка на “Вук Караџиќ“.

Медиумите пишуваа дека околу 700 Албанци од населбата заминале во соседна Србија, за да ги избегнат судирите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk