Граѓаните што присуствуваа на јавната расправа го подржаа задолжувањето на Општина Куманово

24.09.2020 12:12 | KumanovoNews

 Никој од педесетината граѓани кои денеска присуствуваа на јавната расправа не се спротивставил на предлогот на Општина Куманово, да се задолжи 1 милион евра за набавка на опрема за јавните претпријатија.

Граѓаните што присуствуваа на јавната расправа го подржаа задолжувањето на Општина Куманово

Откако предлагачот го претставил проектот, никој од присутните не се јавил за збор, па завршила за десетина минути, пред да дојдат дел од новинарите.

- Присутните граѓани ја дадоа поддршката за овој проект, но сеуште е отворена онлајн анкетата на која граѓаните можат да коментираат и да дадат свои мислења во однос на проекто заклучно со утре 25 септември 2020 година. По одржаната јавна расправа ќе се одржи седница на Совет на која граѓаните треба да се произнесат за задолжувањето, во име и во интерс на граѓаните. Потоа  следува одобрение од Министерството за финансии и доставување на целата документација до Светска банка, се надевамне дека до крајот на годината ќе го добиеме кредитот, - изјави координаторот на проектот Маја Петровска.

Со средства во висина од 1 милион евра, Општината планира да набави 12 специјални возила и механизација за четири јавни претпријатија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk