Граѓаните веруваат во работата на Црвен Крст

16.07.2013 12:11 | KumanovoNews

 Анкетите правени во неколку наврати покажуваат дека Црвениот Крст е меѓу организациите на кои граѓаните најмногу им веруваат.

Граѓаните веруваат во работата на Црвен Крст

Од Црвен Крст Куманово велат дека тие се организација која работи транспарентно и постојано, со видливи резултати што создава доверба кај граѓаните. Лани на крводарителски акции собрале 3144 единици крв, а организирале и обуки за прва помош со средношколците, претставници од владиниот и невладин сектор, вработени во армијата, полицијата и во претпријатијата.

 Што се однесува до хуманитарно - социјална работа, во тој дел собираме средства за да можеме да укажеме дека сеуште има луѓе кои гладуваат, на кои им е потребна помош. Работиме на справување со катастрофи. Мора да се има екипи кои прават проценка во такви ситуации и најбрзо што може да се реагира за потребите на граѓаните во тој момент. Тоа го правиме онака како што доликува. Веднаш штом ќе дознаеме за некаква катастрофа, пристапуваме кон решавање и доделување на помош. Она што го краси нашето работење е големиот број на волонтери - изјави Иле Митковски, секретар во Црвен Крст Куманово.

Црвен Крст Куманово располага со 200 активни волонтери. Граѓаните велат дека се запознаени со работата на оваа организација.

Знам за нив и тие придонесуваат за општо добро. Сум ги видела нивните волонтери низ град честопати прават некои активности. За жал јас имам здравствени проблеми и не сум во можност да дарувам крв, но многумина го прават тоа - вели Благица Митковиќ, граѓанин.

Црвен Крст и во 2008 и 2010 година беше рангиран меѓу првите пет организации кои уживаат најголема доверба кај населението.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk