Градоначалниците од збратимените градови на прием во Oпштината

11.11.2014 11:42 | KumanovoNews

Градоначалници од пет збратимени градови денеска ги прими нивниот домаќин, по повод денешниот празник 11 Ноември - Денот на ослободувањето.

Градоначалниците од збратимените градови на прием во Oпштината

Пред колегите од Чорлу, Бјељина, Кампина, Никшиќ и Чукарица, градоначалникот Зоран Дамјановски потесети дека Куманово одбележува 70 години од ослободувањето и 495 години од постоењето на градот како урбана заедница.

Се гордееме со јубилејот 70 години. Тоа е нешто што Куманово го краси како предводник на сите позитивни процеси во Република Македонија. Денеска посебно задоволство ми е што нашите пријателски градови дојдоа, се надевам дека на свечената академија ќе ни се придружат уште делегации“ - изјави Дамјановски.

Градоначалникот на црногорскиот град Никшиќ, Веселин Грбовиќ, пренесе поздрави и честитки до македонскиот народ по повод големиот јубилеј.

“Повторната среда со кумановскиот градоначалник е голема чест и задоволство. Ние се сретнавме за 18 септември, кога беше Денот на град Никшиќ, тогаш како мој гост. Куманово навистина е прекрасен град, Македонците се добри луѓе и навистина сакам да доаѓам во Македонија “ - рече Грбовиќ.

Градоначалниците од збратимените градови си поделија подароци и промотивни материјали од нивните општини.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk