Градоначалничката на Старо Нагоричане Жаклина Јовановска ќе добие поддршка од премиерот Заев за уште еден мандат

10.02.2021 13:18 | KumanovoNews

Премиерот Зоран Заев најави дека лично ќе застане зад кандидатурите на неколку актуелни градоначалници на локалните избори, затоа што е задовoлен од нивната работа. Меѓу нив и градоначалничката на Општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

Градоначалничката на Старо Нагоричане Жаклина Јовановска ќе добие поддршка од премиерот Заев за уште еден мандат

„СДСМ има постапка која значи да се чује гласот на народот. Сите оние што биле добри градоначалници и граѓаните ќе ги потврдат нивните резултати имаат најголеми шанси да бидат повторно кандидирани. Таму каде што не се задоволни граѓаните ќе има нови кандидати. Лично јас имам свои ставови и ги кажувам во јавноста, она што можам да кажам во моменетот како претседател на СДСМ ќе застанам зад неколку кандидати од кои сум исклучително задоволен, како градоначалникот на Валандово, на Богданци, Дојран, Демир Капија, Кочани, Конче, Старо Нагоричане, Штип, Крушево.... Ова го кажувам за да ги охрабрам да работат, но и да испратам порака до сите други да си ги завршат своите програмски ветувања“, - изјави Заев.

Тој додаде дека останатите имиња ќе бидат познати во мај- јуни, кога ќе заврши селекцијата по што органите на партијата ќе ја донесат конечната одлука кои ќе бидат  кандидати за градоначалници.

Локалните избори се закажани за наесен.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk