Градоначалничко оро

08.01.2010 10:42 | KumanovoNews

 Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски од СДСМ и на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ од ДПСМ заиграа оро на плоштадот во Куманово.

Градоначалничко оро

Политичките опоненти ги обедини прославата на Бадник  организирана од Здружението на граѓани "Коледари".  По христијанските обичаи Божиќ е празник кога сите си простуваат и се сплотуваат во мир, радост и заедништво. Така и градоначалниците успејаа да ги надминат разликите и да заиграа во заедничко оро покажувајќи дека и политичарите се само луѓе кои знаат да се радуваат на празниците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk