Градоначалникот ќе ја замрзне функцијата во ЗЕЛС

17.10.2013 13:59 | KumanovoNews

 Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски најави дека ќе ја замрзне својата работа како потпретседател на ЗЕЛС, незадоволен од најновите случувања во државата.

Градоначалникот ќе ја замрзне функцијата во ЗЕЛС

Последните случувања се капка, која ја прелеа чашата. Стана пракса сите неистомисленици, сите луѓе што му сметаат на проектите и визиите на лидерот и на партијата на власт на централно ниво да бидат санкционирани на овој начин. Од тие причини јас како член на Управниот одбор и потпретседател и моите сопартијци го замрзнуваме членството во ЗЕЛС. Децентрализацијата е една од основните столбови на демократизација на едно општество, но во последните 7 години во Македонија е тој процес е мртов и не функционира.-изјави Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk