Градоначалникот ќе се кандидира за трет мандат

21.04.2012 08:16 | KumanovoNews

 Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски очекува да биде кандидат за градоначалник на СДСМ и на локалните избори догодина, и да добие подршка од граѓаните за уште еден мандат.

Градоначалникот ќе се кандидира за трет мандат

Ако даде Господ здравје, мислам дека сум еден од најсериозните кандидати, и мислам дека повторно ќе бидам кандидат за градоначалник, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, на вчерашната прослава на Градскиот плоштад во Куманово на годишнината од формирањето на СДСМ.

Градоначалникот е оптимист дека и на наредните избори Куманово ќе остане бастион на СДСМ, бидејќи по неговите сознанија и активности на терен, како и според моменталните политички анализи,  СДСМ, како и досега, добро е примена од народот, и е во предност пред политичките опоненти на локално ниво.

Самата оваа раздвиженост и во контакт со граѓаните на Куманово, и она што непосредно го правиме во сите месни организации, укажува дека она што сме го работеле во изминатите 7 години го препознаваат граѓаните и го подржуваат, и даваат широка доверба. Се надевам дека политиката на СДСМ и натаму ќе опстојува на овие темели и заеднички ќе го градиме просперитетно Куманово- изјави Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk