Градоначалникот Димитриевски гласаше во поранешeн „ЗИК“

30.09.2018 17:28 | KumanovoNews

Ова е голем ден за Република Македонија и треба да биде запаметен како ден на голема одлука, која ќе ја донесат граѓаните, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски, кој со сопругата  гласаше на избирачко место во зградата на поранешен „ЗИК“.

Градоначалникот Димитриевски гласаше во поранешeн „ЗИК“

-  Ја користам оваа прилика да апелирам до сите граѓани да имаме мирен референдум, на коj сите ќе имаат можност да се произнесат. Денеска мора да победи Република Македонија, а потоа и сите нејзини граѓани. Македонија и македонските граѓани заслужуваат поубав живот и посветла иднина, - изјави градоначалникот Димитриевски.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk