Градоначалникот Димитриевски со највисок рејтинг кај граѓаните, покажа анкетата на „Макфакс“

05.10.2020 17:20 | KumanovoNews

 Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Од кој градоначалник најмногу сте задоволни“, повеќе од половината испитаници кажале дека тоа е Максим Димитриевски градоначалникот на Куманово.

Градоначалникот Димитриевски со највисок рејтинг кај граѓаните, покажа анкетата на „Макфакс“

За Димитриевски се изјасниле 53,3 отсто од испитаниците, додека за градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев својот глас го дале 16,5 отсто од испитаниците. 15,4 отсто од испитаниците сметаат дека најдобар градоначалник е првиот човек на Град Скопје, Петар Шилегов, додека за 9.0 проценти од испитаниците најдобра е градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

За градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, пак, се изјасниле 5.8 отсто од испитаниците во анкетата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk