Градоначалникот Димитриевски во Америка

12.12.2019 10:04 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, од минатата недела е во Америка.

Градоначалникот Димитриевски во Америка

Тој речиси секојдневно на својот Инстаграм профил објавува слики од посетата. Прво беше сликан во зградата на Пентагон, Вашингтон, а потоа напиша дека се сретнал со заменик гувернерот на Калифорнија, Елени Коуналакис, како и со членот на Собранието на државата Калифорнија, Џим Купер.

„Денеска остварив средба со градоначалничката на Фримонт, госпоѓа Лили Меи. Разговаравме за нивните пракси и искуства при реализација на проектот Силиконска долина во Калифорнија, која е седиште на најбрзо растечки компании во светот“, - напиша Димитриевски вчера на Инстаграм.

Од Општина Куманово, ни рекоа дека за карактерот на посетата на Димитриевски во САД ќе соопштат откако тој ќе се врати.

Неофицијално, градоначалникот е на школа за млади политичари во Америка, а ќе си дојде во сабота.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk