Градоначалникот ги пофали организаторите на прославата за Денот на градот

17.11.2010 08:51 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски јавно им се заблагодари на членовите на неговиот кабинет, првите соработници и директорите на јавните претпријатија за големата помош и подршка во реализација на програмата по повод Денот на градот.

Градоначалникот ги пофали организаторите на прославата за Денот на градот

При тоа не издвои никој поединечно, туку нагласи дека тимската работа дала извонредни резултати.

Сакам да ја пофалам бесперкорната организација која ја направивте, со вашиот несебичен труд што го вложивте и направивте манифестацијата да биде на ниво кое досега не сме го имале. Откако сум јас на чело на Општината, за овие пет години, годинешнава прослава беше на највисоко ниво. Сите функциониравте извонредно, и покрај тоа што имавме огромен број на гости. Од пречекот на гостите, нивното згрижување, организацијата на концертот, Свечената академија и сите придружни манифестации,па до пуштањето на новите објекти, се беше на највисоко ниво. Тоа не е само моја оценка, туку на сите кои беа дел од нашата прослава, медиумите, гостите и нашите партиски пријатели. Со тоа покажавме како треба да функционира сериозна локална самоуправа и се надевам дека така ќе продолжиме и понатаму, и заеднички ќе организираме и ќе славиме уште многу празници- рече градоначалникот.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk