Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово, денеска ги додели уверенијата на градоначалникот Максим Димитриевски и избраните советници во Советот на Општина Куманово, кои добија четиригодишен мандат.
Церемонијата се одржа во Општина Куманово, а на старо - новиот градоначалник и на советниците успешна работа им посака претседателката на ОИК Кристина Цветковска.
„Ви посакувам многу реализирани проекти и да работите што повеќе заедно во интерес на граѓаните“, кажа Цветковска.
По врачување на уверенијата се обрати градоначалникот Максим Димитриевски, кој се заблагодари на ОИК за спроведената изборна постапка, а на новите советници им посака успешна работа во престојните 4 години.
„Очекувам плодна соработка без разлика на нашите политички различности, нашaта цел е заедничка, раст и развој на Куманово, и негова трансформација во модерен и европски град. Особено им честитам на оние кои првпат влегуваат во Советот, имаме доста млад состав“, кажа Димитриевски.
Новиот состав ќе брои 31 советник, од кои седум се на Движењето ЗНАМ, шест на ВМРО-ДПМНЕ, пет на коалицијата на Демократска унија за интеграција, четири коалицијата на СДСМ, три на Демократската партија на Србите во Македонија, двајца на „Ред за Куманово“ и еден на Левица.
Новиот состав на советот ќе го претставуваат: Ивана Ѓорѓиевска, Моника Марковска, Дарко Митевски, Мила Петрушевска, Самет Салиевска, Аце Трајковска и Зоран Јовановски од ЗНАМ.
Владимир Михајловски, Христина Божиновска, Ивана Лазаревска, Сања Јакимовиќ - Петровска, Иван Димитриевски и Тони Димитриевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Kоалиција ДУИ, Блерим Исени, Хузеир Мустафи, Шпреса Реџепи, Исуф Сефери, Шемси Мурати.
Kоалиција СДСМ Томица Илиќ, Благојче Јаќимовиќ, Тамара Анастасовска и Марина Манојловска.
ДПСМ Бобан Јаќимовиќ, Рената Пандуревиќ и Срѓан Ѓорѓевиќ.
ВЛЕН Скендер Османи, Љуљазим Алитие и Акиме Реџепи.
Ред за Куманово – Иван Петковски и Југослав Спасиќ, и од Левица Виторио Зафировски.
Советниците ќе започнат со работа по конститутивната седница, кога ќе се изберат и телата на Советот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk