Градоначалникот и пратеникот ја поддржаа петицијата на “Аман“

10.12.2012 11:58 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски, пратеникот Оливер Спасовски и општинската администрација денeска дадоа подршка на петицијата на “Аман“, која има за цел преку предлог - закон да внесе измени во Законот за енергетика и да издејствува поевтина струја.

Градоначалникот и пратеникот ја поддржаа петицијата на “Аман“

Сметам дека оваа иницијатива со промена на законот ќе ги ублажи социјалните состојби во Република Македонија. Посебен мотив за моето присуство овдека е како претставник на граѓаните на Куманово, да кажам за цената на гас за која Регулаторна комисија повеќе од една година ја држи и уште не е решено тоа прашање. Сакам да се забрза таа работа и да не биде Регулаторна комисија политичко тело, туку да работи во интерес на граѓаните - изјави Дамјановски.

Пратеникот потсети дека 40 отсто од потребите за електрична енергија во Македонија се задоволуваат од увоз и во последниве шест години струјата е двојно поскапена.

- Мислам дека ова барање е оправдано, а зошто се потпишувам на оваа иницијатива, затоа што сакам да остане таа пред се граѓанска и да се покаже во Република Македонија дека граѓаните знаат за одредени проблеми да се солидаризираат, да се обединат и преку една ваква иницијатива да дојде законското решение во Собрание. Конечно ќе може ВМРО - ДПМНЕ преку една иницијатива на граѓаните сериозно да размислува за причините зошто тоа се поднесува. Ако се поднесе од политичка партија, тоа веднаш се одбива - кажа Спасовски.

Тој ги повика граѓаните масовно да се потпишуваат за оваа иницијатива.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk