Градоначалникот им посака добредојде на првачињата

03.09.2018 18:27 | KumanovoNews

На првиот училиштен ден во новата учебна година градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, присуствуваше на приемот на првачиња во основните училишта „Крсте Мисирков„ и „Бајрам Шабани“.

Градоначалникот им посака добредојде на првачињата

Градоначалникот им посака добредојде и успешен почеток на образованието, а родителите ги повика да бидат позитивен пример на нивните деца.

- Општината ќе се заложи за создавање подобри условите во училиштата за нашите деца. Со европски фондови ќе ги обновиме и реконструираме нашите училишта. Работата на професорите е да ги воспитуваат и образуваат вашите деца, но елементарната едукација на децата доаѓа од дома, од родителите. Затоа апелирам до сите вас да посветиме повеќе време на нашите деца,- рече во обраќањето Димитриевски.

Тој ги повика возачите да ги ослободат тротоарите за безбедно движење на децата до училиштата.

Градоначалникот подели пакети со училишен прибор на ученици во социјално загрозени семејства во населбата Средорек.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk