Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Журка за матуранти утревечер во 22 часот ќе се оддржи во новоотворениот клуб “Лолипоп“ во локалитет Стара Бања во организација на градоналникот и Советот на Општина Куманово.
На сите матуранти во училиштата ќе им бидат поделени ваучери со кои ќе имаат слободен влез и гратис пијалак, а за забавата ќе се погрижи популарниот кумановски бенд “Ди Марбл“. Во име на локалната самоуправа сакам да им го честитам матурирањето на сите ученици и ги повикувам да присуствуваат на оваа голема заедничка забава - изјави Марио Доневски од одделение за односи со јавност во Општина Куманово.
Општината 7 - ма година по ред организира журка за матуранти, а годинава 900 млади во градот го завршуваат средното образование.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk