Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска повика на смиреност по драматичните случувања во градот и да не подлегнуваат на провокации.
Тој се надева дека до крајот на денот безбедноста во Куманово ќе се нормализира.
“Апелирам од мое лично име, до граѓаните од општина Куманово да останат присебни, да сочуваат мир и стабилност, да не подлегнуваат на провокации, да не се формираат формации по етничка основа“, - изјави градоначалникот на денешната прес-конференцијата.
Дамјановски нема официјални информации од МВР за настанот, но според информациите од граѓаните, во Тоде Мендол има вооружена група која нема логистика од овдешното население и најверојатно се работи за луѓе кои не се македонски државјани. Градоначалникот потврдува дека некои од жителите на населбата од македонска и од албанска националност, заминале во другите делови на градот каде нема полициска акција.
Сите информации ми се инсајдерски од телефонски контакти. Се работи за поголема вооружена група, мотивите и генезата на групата не ја знаеме. Ударно беше помеѓу 5 и 6 утрово, а потоа имаше спорадични истрели и не знаеме колку има повредени, а се зборува и за повредени од цивилно население. Сугестијата е дека таа група нема логистика, нема поддршка од населението кое сака да се сочува мирот во тој дел на градот. Се надевам дека оваа акција ќе придонесе да се отстрани таа вооружена група.- изјави Дамјановски.
Тој се надева дека до крајот на денот оваа изолирана акција ќе заврши и градот ќе продолжи со нормално функционирање, градење на мир, соживот и толеранција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk