Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, вчера наполни 60 години.
Јубилејниот роденден ќе го слави денеска со своето семејство, партиски другари и соработници. Го прашавме која му е роденденска желба:
„60 години е возраст кога човек прво сака здравје и добра мисла. Семејството и се она што ми е значајно во животот да бидат на местото на кое им припаѓа. Најголема желба ми е во 2016/17 година да се врати слободата и демократијата во државата. Македонија конечно да почне да создава имиџ на модерна, цивилизирана и граѓанска држава, во која сите ќе сме еднакви и ќе имаме исти права и ќе се ослободиме од деспотизмот на владејачката структура, - рече Дамјановски.
На роденденската забава се очекува да присуствув лидерот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и други истакнат членови на СДСМ и пријатели на Дамјановски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk